Поглед на дневна соба во разрушеното турско село Демиркопру


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турското село Демиркопру е поделено со огромна пукнатина која се формираше како последица на стравичните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија.

Југоистокот на Турција вчера (20.02) повторно бешепогоден од два земјотресисо јачина од 6,4 и 5,8 степени. Епицентарот бил во провинцијата Хатај, а земјотресите се почувствуваа и во северна Сирија и Либан, пренесува Дојче Веле.

Според турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во новите земјотреси загинале најмалку три лица. Министерот за здравство на Турција, Фехретин Коџа, на Твитер напиша дека се повредени 294 луѓе, од кои 18 тешко. Повредени има и во Сирија. Според Сириската опсерваторија за човекови права, бројот на повредени е 470, а најголемиот дел од нив се од регионот на Алепо.