Откриено која беше „голата Меланија“ во видеото со стриптизот во Белата Куќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку дена откако спотот на раперот T.I. во кој гола манекенка во улога на Меланија Трамп изведуваше „стриптиз во Белата Куќа“ со кој крена голема „прашина“ во медиумите, откриен е идентитетот на манекенката која ја „глумеше“ првата дама на САД во видеото.

Нејзиното име е Мелани Марден.Исто како Меланија, ни таа не е родена Американка. Марден по потекло е од Канада. Станува збор за убавица и актерка која ги полнела страниците на многу познати списанија за мажи од рангот на Maxim.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?Melanie Marden? (@officialmelaniemarden) on

„Бог да ја благослови Америка…и Русија…и Трампови“, порачува Мелани во видеото кое го сними таа откако видеото од T.I. го обиколи светот.

„Да, бев гола, но сум била гола и претходно“, вели Мелани имитирајќи го акцентот на Меланија Трамп. Дополнително, таа откри дека добивала одвратни закани после видеото.

„Некој ми порача дека ќе ме удри со неговиот автомобил, некој дека ќе ме нападне со палка за бејзбол, а има и такви кои сакаат да ме силуваат и убијат“, открива Мелани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?Melanie Marden? (@officialmelaniemarden) on

Додава дека видеото не го снимила поради своите политички ставови.

„Тоа беше шанса за мене да излезам од својата комфорна зона и да ја глумам првата дама, гола, што никогаш не сум го направила досега“, објаснува Марден.

На прашањето дали смета дека видеото е навредливо, вели дека самиот Трамп е злоставувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?Melanie Marden? (@officialmelaniemarden) on

„Да ја навредував или понижував, тоа би било една работа, но мислам дека не бев таква. Не мислев ништо лошо, јас сум Канаѓанка, пријателски сосед од северот“, вели Марден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?Melanie Marden? (@officialmelaniemarden) on

T.I. во спотот се јавува како дел од обезбедувањето на Трамп и го гледа како Доналд ја напушта Белата Куќа со хеликоптер, а потоа во Овалната соба се среќава со жена која личи на Меланија, облечена во нејзината контроверзна јакна со натпис „Стварно не ми е гајле, а вам?“ и му изведува стриптиз.