Home Спорт Интер во пол-позиција за „новиот Пирло“

Интер во пол-позиција за „новиот Пирло“

Интер е подготвен да извади 25 милиони евра за да ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали.

18-годишниот талент ги импресионира сите со неговите партии во Серија Б и младинскиот национален тим на Италија.

На Апенините го нарекуваат дури и „новиот Пирло“ поради неговото одлично движење на теренот, како и извонредната техника. Пирло исто така е производ на школата Бреша, што е уште една сличност меѓу нив.

Тонали веќе го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Милан, Челзи, Рома… но италијанските медиуми тврдат дека токму Интер е во пол-позиција за неговиот потпис.

„Нероаѕурите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и спремаат понуда од 25 милиони евра во зимскиот преоден рок. Доколку се реализира трансферот Тонали ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Серија Б.

https://youtu.be/nFnc6fTtL0g

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…