Home Спорт Видео: Англиските хулигани дивеат по улиците на Севиља

Видео: Англиските хулигани дивеат по улиците на Севиља

„Црвената фурија“ вечерва ќе ја нагости репрезентацијата на Англија во склоп на четвртото коло од Лигата на нации.

Англиските фанови пристигнаа во Севиља синоќа и направија хаос на улиците на шпанскиот град.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Англичаните дивееле во центарот на градот и дека во неколку локали дошло до инциденти и направена е голема материјална штета.

Во Шпанија пристигнале околу 3.000 англиски фанови кои вечерва ќе го бодрат „Гордиот Албион“ на стадионот „Санчес Писхуан“.

Погледнете како изгледаше нивното дивеење во Севиља.

https://youtu.be/JAyqydLEsLs

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…