Home Актуелно Никола Груевски со Фејсбук статус во три часот ноќеска – еве што напиша

Никола Груевски со Фејсбук статус во три часот ноќеска – еве што напиша

Бившиот премиер на Република Македонија и актуелен пратеник во Собарнието, Никола Груевски, кој моментално е осуден на две години казна затвор, во три по полноќ се распишува на Фејсбук, објавувајќи статус упатен до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со апел да не гласаат за уставните измени.

„Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог. Над нас натежнаа тешки облаци и предизвици. Треба да се справиме со тоа и секогаш на прво место да ни биде општиот и заеднички интерес на нашата држава, нашиот народ и нација“, пишува Груевски.

„Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално сè. Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче). Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани. Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!!!“, напиша Груевски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…