Видео: Меси расплака млад фан на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси е идол на многу деца ширум светот кои сонуваат да го запознаат и да имаат средба со него.

Барселона на својот Твитер профил објави видео на кое се гледа како Меси дава автограми и се фотографира со своите фанови на аеродромот по победата со 1:0 над Реал Ваљадолид.

Едно од децата не можеше да ги скрие емоциите кога застана пред фудбалската ѕвезда. Детето не престана да вреска додека Меси не му пристапи да му го потпише дресот.