Глас за Македонија: Скандалозна е изјавата на Камбовски со која правото на бојкот го спореди со кривично дело


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Изјавата на академик Владо Камбовски, кој организирањето на бојкот на референдумот го карактеризира како кривично дело, партијата Глас за Македонија ја оценува како скандалозна, правно неиздржана, нелогична и како безуспешен обид за заплашување.

„Камбовски во изјавата објавена во порталот ‘Сакам да кажам’ подметнува дека правото на неизлегување на гласачко место е отпор кон законита одлука, па според тоа агитирање за неизлегување на гласачко место е кривично дело. Според Камбовски, правото на слобода на говор е кривично дело. Организирањето отпор кон законита одлука би било организирање физичко спречување на гласачите да пристапат до гласачките места, а никако не агитирање за исходот на референдумот. Ова е не само правна, туку основна логичка грешка“, сметаат од партијата на Солза Грчева.

Оттаму додаваат дека правото на изјаснување на референдум „за“, „против“ или неизлегување на гласање (или бојкотирање) се три еднакво легитимни права.

„Според тоа, правото за агитирање за кое било од овие легитимни права е легитимно. Тоа е право на слобода на говор“, велат од Глас за Македонија и додаваат дека монструозно е агитирањето за која било опција да се претставува како кривично дело.