Home Актуелно Таксистите во Милано парично казнети поради жешкото време?!

Таксистите во Милано парично казнети поради жешкото време?!

Повеќе од 20 возачи на такси во Милано парично се казнети поради носење на куси панталони иако во тој италијански град веќе со недели е жешко со температури до 35 степени, пренесуваат денес италијанските медиуми.

Според прописот усвоен во 2016. година, таксистите не смеат без оглед на временските прилики да носат куси панталони, маици без ракави или спортска облека како што се тренерки.

Миланската полиција од почетокот на топлотниот бран казни околу 20 возачи на такси, а казната изнесува 110 евра.

Милано е една од светските престолнини на модата, а градските власти сметаат дека сите треба да бидат пристојно облечени без оглед на модните трендови или временските прилики.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…