Home Вебкафе Виетнамскиот „Златен мост“ е вистинско архитектонско ремек дело

Виетнамскиот „Златен мост“ е вистинско архитектонско ремек дело

Познат како „Златниот мост“ или „Рацете на чуварот“, оваа архитектонска градба се наоѓа во близина на Да Нанг, Виетнам а ги освојува и восхитува посетителите со својот елегантен дизајн.

Мостот се издига на 1.400 метри надморска височина над ридовите Ба На и нуди прекрасен поглед кон околните села. златната обоена патека е наредена со виолетови хризантеми и се протега речиси 150 метри со неговиот елегантен дизајн. Всушност, одлично извајаните раце кои „го држат“ го даваат вистинскиот импресивен изглед и предизвикуваат воодушевување кај туристите.

Дизајнот за мостот е дело на архитектноската компанијата „ТА Лендскејп“. Иако изгледа дека рацете се направени од камен, всушност не се.

„Го дизајниравме „скелетот“ на рацете и ги покривме со челични мрежи. Завршивме со фиберстакло. Целата конструкција на мостот траеше околу една година“ – објаснува претставник од компанијата.

Виетнам доживеа туристички бум бидејќи сѐ поголем број на луѓе ја откриваат убавината на оваа извонредна земја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

ФОМО: Зошто е толку тешко да не се биде дел од се?

“`html Дали некаде по патот се појавил тој непријатен чувствo додека бескрајно скрол…