Home Вебкафе Пекол во Калифорнија: Ужасно моќните пожари предизвикуваат огнени торнада (видео)

Пекол во Калифорнија: Ужасно моќните пожари предизвикуваат огнени торнада (видео)

Пожарите кои моментално беснеат во Калифорнија земаат сè поголем замав заради нивната сила и жестокост, а еден од нив е толку моќен што создава феномен што некои го нарекоа „огнено торнадо“ или „фајрнадо“ (firenado).

Имено, ветрот кој достигнува брзина до 100 километри на час, доведува до вртлог на самиот пламен и на запалениот материјал што потсетува на торнадо.

Покрај тоа, тој веќе уништил десетици домови и му се заканува на градот Рединг. Ситуацијата е „многу динамична“ и „пеколна борба“, изјави портпаролот на пожарникарите Скот Меклејн.

„Овој пожар е исклучително опасен и голта сè пред себе“, изјави командирот на пожарникарите Брет Гувеа. Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун во четвртокот прогласи вонредна состојба во окрузите Шаста и Риверсајд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Џенифер Лопез го прослави 57. роденден: Од бездомништво и апсење со Пи Диди до статус на една од најголемите ѕвезди во светот

Денес е тешко да се замисли поп културата без Џенифер Лопез. Таа е модна икона, филмска ѕв…