19.000 часа снимки: Објавени сите аудио материјали од првото слетување на Месечината


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската вселенска агенција ги објави сите аудио записи снимени за време на траењето на мисијата Аполо 11 која успеа да биде прва човечка мисија која слета на Месечината. Објавени се цели 19.000 часа аудио материјал.

И додека снимките од слетувањето на Месечината и понатаму го предизвикуваат вниманието на јавноста, како и различните теории, истражувачите од Универзитетот Тексас во Далас сега ги објавија и илјадниците аудио записи снимени во текот на мисијата која траела осум дена и три часа.

Снимките кои неодамна биле “под клуч“, односно во специјално климатски контролирани трезори, откриваат отворени разговори меѓу астронаутите на Аполо 11 и контролната мисија во Хјустон.

Аполо 11 е лансиран на 16 јули 1969 година со тричлен екипаж кој го сочинуваа Нил Армстронг, Едвин (Баз) Олдрин и Мајкл Колинс, а на 24 јули леталото успешно слета во водите на Тихиот океан.

Се досега, снимките “од зад сцената“ и разговорите за техничките проблеми се држеа во тајност.

Повеќе од 19.000 часови во кои е забележаната целокупната мисија се достапни на јавноста се достапни ТУКА.