Home Актуелно Уапсени 15 лица во Кина поради СКАНДАЛ ВРЗАН ЗА ВАКЦИНИ

Уапсени 15 лица во Кина поради СКАНДАЛ ВРЗАН ЗА ВАКЦИНИ

Кинеските државни медиуми објавија дека вкупно 15 лица се уапсени поради лажирање на податоците во производството на вакцини против беснило.

Меѓу уапсените се наоѓа и извршниот директор на компанијата, Чанчун Чанхгшенг Лајф Сајенсиз, кој е обвинет за лажирање на производството и инспекциските извештаи, откако инспекторите ненајавено дошле во седиштето на компанијата.

Кинеската телевизија ЦЦТВ објави дека се уапсени уште 14 други директори. Претседателот, Сиј Џинпинг и премиерот Ли Кечианг итно бараа истрага и истакнаа дека владата е загрижена поради бесот на јавноста, поради низата скандалио во врска со здравството, особено оние во врска со здравјето на децата.

Светската здравствена организација го поздрави барањето на кинеската влада и наеде дека „потенцијалните ризици можат да се избегнат кога регулаторниот надзор работи добро“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…