Бијонсе и Џеј Зи фамилијарно уживаат на луксузна јахта крај брегот на Италија

После спектакуларните концерти во Италија во рамки на турнејата On The Run II, славниот музички пар Бијонсе и Џеј Зи минативе неколку дена уживаа во семејниот одмор крстосувајќи покрај брегот на Италија во луксузна јахта од американскиот милијардер Шахид Кан.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

A post shared by Beylite (@beylite2.0) on

Јахтата „Kismet“ вреди повеќе од 180 милиони долари, поседува хелиодром, кошаркарско игралиште, козметички салон, неколку базени, теретана, кино и многу други содржини.

Внатрешноста на јахтата е уредена од наградуваниот дизајнер Рејмонд Лангтон. Уште не е јасно дали брачниот пар ја купи или ја изнајми јахтата од Кан за ова нивно патување.

Shahid Khan’s Kismet Yacht