„Equalizer 2“ на врвот на американскиот „бокс офис“

Филмот „Equalizer 2“ со Дензел Вашингтон во главната улога, се искачи на првото место од американскиот „бокс офис“.

Кога филмот „Mama Mia 2“ се појави во петокот во кината, многумина беа убедени дека ќе биде најуспешен филм во текот на изминатиот викенд, ако не и финансиски најуспешен филм ова лето. Но, „Equalizer 2“ и одличниот Вашингтон беа поуспешни и со заработка од 35,8 милиони долари се воцарија на првата позиција од листата, оставајќи го мјузиклот зад себе со 34,4 милиони долари.

Третото место го освои анимираниот филм „Hotel Transylvania 3“ со заработка од 23,2 милиони долари.

Еве ја топ десет листата од американскиот „бокс офис“ со заработки во милиони долари.

The Equalizer 2- 35.8
2. Mamma Mia! Here We Go Again – 34,4
3. Hotel Transylvania 3 – 23,2
4. Ant-Man and the Wasp – 16,1
5. Incredibles 2 – 11,5
6. Jurassic World: Fallen Kingdom – 11
7. Skyscraper – 10,96
8. The First Purge – 5
9. Unfriended: Dark Web – 3,5
10. Sorry to Bother You – 2,8