Принцот Хари 20 години овие бразлетни не ги вади од рака – еве каква приказна кријат тие


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Принцовите Хари и Вилијам, иако браќа, во многу нешта се дијаметрално спротивни, како во поглед на начин на живеење, така и во поглед на моден и друг стил.

Вилијам, на пример, не носи ништо од страна на накит на себе, дури ниту венчална бурма, бидејќи, како што самиот тврди, не е обожавател на накит. За разлика од него, Хари секогаш негувал и уште негува малку полежерен стил кога е во прашање накитот.

Неговото модно правило, кое очигледно прераснува во традиција, се задолжителните алки и бразлетни со монисти. Од нив не се откажа дури ни на свадбениот ден и денот кога ја прогласија свршувачката со Меган.

„Корените“ на оваа приказна датираат од 1997-ма година, кога принцот Хари за првпат отпатува во Африка заедно со неговиот брат и татко, набрзо по трагичната смрт на принцезата Дијана. Таму ја ставил својата прва бразлетна, заедно со принцот Вилијам, оддавајќи им чест на тамошните традиции.

Сепак, со оглед на тоа што патувањето во Африка за принцот Хари влијаело смирувачки и како што вели самиот ментално го заздравило и му ги отворило очите, продолжил да носи бразлетни со африкански мотиви.

„Таму (во Африка) се чувствував поудобно во своја кожа од било каде во светот. Посакувам да поминувам повеќе време во Африка. Имам чувство дека добивам комплетна релаксација и нормален живот во тие краишта.“