Home Шоубизнис Кристиано Роналдо остави бакшиш од 20.000 евра – имаше само еден услов за тоа

Кристиано Роналдо остави бакшиш од 20.000 евра – имаше само еден услов за тоа

Откако Португалија отпадна од Светското првенство во рамки на осминафиналните натпревари, Кристиано Роналдо со својата поубава половина Георгина Родригез и малишаните заминаа на одмор во Грција, каде престојуваа во луксузен хотел чиј персонал сигурно долго време нема да ја заборават нивната посета.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Новиот играч на Јувентус во хотелот остави бакшиш од речиси 20.000 евра, како што пренесува The Sun, а за тоа имал само еден единствен услов кој ги воодушевил сите. Имено, Роналдо барал од управата бакшишот рамномерно да се распредели на сите вработени во хотелот, на еднакви делови.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Ова лето, после девет години поминати во дресот на Реал Мадрид, Роналдо се пресели во Италија, каде во дресот на Јувентус ќе заработува 30 милиони евра годишно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …