Фантастична нова видео најава за „Боемска рапсодија“ – филмот за Фреди Меркјури


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Првиот подолг трејлер за филмот „Боемска рапсодија“ за Фреди Меркјури претставува емотивно патешествие зад сцената на некои од најпознатите класични мелодии на Квин.

„Боемска рапсодија“ е фокусиран на фронтменот на Квин, Фреди Меркјури, кого го игра Рами Малек, а најновиот трејлер покажува како тој се инспирирал за некои од легендарните песни на бендот и како се справувал со интересот на јавноста за неговиот личен живот. Поткрепен со неколку песни на Квин, трејлерот е вистински спектакл.

„Боемска рапсодија“ ќе излезе во киносалите на 2 ноември.