Познато кога ќе биде грандиозното претставување на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата голема ѕвезда на Серија А, Кристиано Роналдо во понеделник официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на Јувентус, потврди „Газета дело Спорт“.

Вчера и официјално Реал Мадрид и Јувентус ја потврдија зделката, а официјалното претставување на Роналдо ќе се случи во понеделник.

„Старата дама“ припрема грандиозна церемонија, па стадионот на Јувентус ќе биде мал да го собере сите фанови кои ќе сакаат да присуствуваат.

Стадионот ќе биде преолн, а се очекува десетици илјади фанови да го гледаат претставувањето на видео бим надвор од стадионот.

Официјално најдобриот фудбалер на светот ќе пристигне во Торино во понеделник наутро, најпрво ќе ги мине рутинските лекарски прегледи, а потоа ќе биде официјално претставен.