Home Шоубизнис Актерската легенда Раде Шербеџија уапсен во Калифорнија – еве ја причината

Актерската легенда Раде Шербеџија уапсен во Калифорнија – еве ја причината

Според известувањата од порталот TMZ, еден од најпознатите балкански, европски и холивудски актери, Раде Шербеџја, наводно бил уапсен поради управување на автомобил во алкохолизирана состојба.

„Актерот познат од серијата „Downton Abbey“ и многу други филмски хитови во кој играл улоги на негативец е уапсен поради неправилно возење на патот. Полицијата од Санта Моника на совозачкото седиште во автомобилот пронашла отворено шише виски.Актерот паднал и на алко тестот на самото место, по што е приведен во полициска станица, пренесува порталот.

Шербеџија наводно бил во автомобил „Лексус“ кој се движел во крива линија по патот, по што бил запрен од полицијата, која веднаш забележаала дека возачот бил под дејство на алкохол.Во автомобилот било најдено и отворено шише виски што не е дозволено според законот по што тој бил однесен во станица.

71- годишниот Шербеџија веднаш откако ја платил кауцијата ја напуштил полициската станица.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…