Сексуалниот живот на Елизабета II: Книга за љубовните пикантерии на кралицата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новото дело на бившата риалити ѕвезда, Колин Кембел, е посветено на сексуалниот живот и љубовните пикантерии на кралицата Елизабета II.

На тоа експресно реагираа членови на кралското семејство и блиски соработници во одбрана на кралицата, тврдејќи дека сето изнесено во книгата е лага и оти Кембел само се обидува да заработи пари врз основа на неверојатни тврдења.

Се наведува дека авторката на делото никогаш не се дружела со никого од кралското семејство за да би можела да дознае такви детали, пренедува „Дејли мејл“.

Инаку, Колин Кембел ја објави книгата „Бракот на кралицата“, во која, меѓу другото, го опишува и сексуалниот живот на кралицата Елизабета II, што поприлично ја разбранува јавноста во Велика Британија.

Во делото се наведува дека кралицата има здрав сексуален апетит што почнала да го задоволува по стапувањето во брак. Кембел, како и други автори пред неа, тврди дека принцот Филип не и бил верен на кралицата која пак, консултирала психијатар штом разбрала за неговото поведение.

Некогашниот дворски батлер, Пол Барел, во изјава за „Мирор“, рекол дека секој може да изнесе такви тврдења, без никакви докази.

„Можете да бидете релевантен сведок само ако сте биле таму. Колин Кембел не е тоа. Таа пишува за лидерот на нашата држава, за црквата и за некого кого воопшто не го познава“, рекол Барел.