Home Спорт Бразилците тврдат: Повредата на Марсело била од душекот во хотелот!

Бразилците тврдат: Повредата на Марсело била од душекот во хотелот!

Од редовите на бразилскиот национален тим претпоставуваат дека повредата на Марсело на грбот не е резултат од нешто што се случило за време на мечот со Србија.

Левиот бек на Реал Мадрид синоќа го напушти теренот со болки во грбот, но добрата вест е дека не станува збор за сериозна повреда, па Марсело сигурно ќе биде спремен за осминафиналниот дуел со Мексико.

Натпреварот со Мексико се игра во понеделник и до тогаш Марсело ќе биде спремен за игра, но лекарскиот тим на Бразил има интересна теорија како дошло до повредата.

„Повредата може да е причинета од душекот на неговиот кревет во хотелот во Москва“, коментираше лекарот на „кариоките“ Родриго Ласмар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…