Home Шоубизнис Хопкинс тврди: Прекрасен дар е што сум алкохоличар, му се радувам на тоа

Хопкинс тврди: Прекрасен дар е што сум алкохоличар, му се радувам на тоа

Во изјава за Irish Times, култниот актерот сер Ентони Хопкинс тврди дека се радува што е алкохоличар и својата слабост кон чашката ја третира како „прекрасен дар“.

„Многу се радувам дека сум алкохоличар, тоа е прекрасен дар“, открива актерот.

„Бидејќи каде и да одам, ја носам оваа бездна со мене. Во неа е мојата вулканска бес, кој јас ја користам како гориво. Се разбира, таа може и да те растури на парчиња и да те убие“, смета тој.

Хопкинс изјави дека успева да ја насочи злобата во креативност, но кога не го прави тоа, не може да го контролира својот бес. Тој раскажа како се обидел да го контролира својот бурен лик во 1975 година, но тој не го сторил тоа. Тогаш мајка му рекла: „Зошто не останеш лош човек, каков што си? Биди чудовиште“.

„Се согласив со неа“, рече актерот.

Ентони Хопкинс, кој има 80 години, добитник е на наградата „Оскар“ за улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Во моментов е актуелен со серијата „Westworld“ и ТВ филмот „King Lear“, а следната година ќе влезе и во улогата на Папата Бенедикт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…