Home Актуелно Талевски и Латас повторно во суд – нови рочишта за „Транспортер“ и „Тотал“

Талевски и Латас повторно во суд – нови рочишта за „Транспортер“ и „Тотал“

Во рамки на новите судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на СЈО кои треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје, во обвинителните клупи повторно седнуваат бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талевски и новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

По неколку одложувања поради здравствени и семејни причини на Драган Павловиќ-Латас, судењето за случајот започна на 14 мај.

На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да седнат и обвинетите во предметот на СЈО „Транспортер“. Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…