Home Спорт ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИТЕ: Еве што му понуди ПСЖ на Буфон!

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИТЕ: Еве што му понуди ПСЖ на Буфон!

Џанлуиџи Буфон го одигра последниот натпревар за Јувентус, но нема намера да се пензионира и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Париз.

Буфон иако влегува во 5-та деценија од животот се уште не размислува за пензија и потврди дека сака да игра на највисоко ниво и да се бори за престижни трофеи.

Пари Сент Жермен веќе започна преговори со неговиот агент, а денес италијанските медиуми ја открија понудата на „светците“ која навистина е неверојатна.

Имено, ПСЖ на Буфон му нуди четиригодишен договор вреден 8 милиони евра по сезона, а тоа би значело дека Италијанецот ќе брани до својата 45-та година.

Исто така му нудат да биде и амбасадор за Светското првенство во Катар, па Џиџи вкупно ќе инкасира 32 милиони евра.

Неговиот агент моментално е во Париз каде се договараат последните детали, па се очекува во следните неколку дена легендарниот голман да стави потпис на договорот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…