Home Вебкафе И Арапиве без исав: Погледнете што направија со жената од фотографијава

И Арапиве без исав: Погледнете што направија со жената од фотографијава

Saco Hardware e трговски ланец од Саудиска Арабија чија реклама за дворски базен моментално е една од главните теми за ремет на Твитер.

Оригиналната фотографија на која е фотографирано семејство кое се разладува и забавува во монтажниот базен од Intex од Saco решија да ја ретушираат и едноставно да ја тргнат жената од фотката и да ја заменат со топка на надувување. На децата и мажот им беше додадена облека, а мајката беше целосно избришана.

Штом се појави фотката, на социјалните мрежи имаше лавина од коментари и реакции. Додека некои не можеа да се начудат, други објаснуваа дека ваквата цензура во Саудиска Арабаија е честа појава и некогаш се случувало од некој каталог да се избришат сите жени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Трејлерот за третата сезона на „Еуфорија“ конечно е објавен – еве што сè се знае досега

Росалија ќе се појави во гостувачка улога, а култната ХБО драма се враќа поцрна, позрела и…