Home Вебкафе Драми на погреб: Го отвориле ковчегот – мислеле дека покојната е жива (видео)

Драми на погреб: Го отвориле ковчегот – мислеле дека покојната е жива (видео)

Ожалостеното кинеско семејство од покраината Хебеи се посомневало дека нивната покојна мајка која ја подготвиле за погреб и ја сместиле во ковчег, сè уште е жива, па сред погребната процесија го отвориле ковчегот за да го проверат тоа.

После отворањето тие почнале да ја довикуваат, надевајќи се дека ќе им одговори, а бидејќи тоа не се случило викнале Брза помош.

Меѓутоа, кога медицинскиот кадар го прегледало телото на 73 годишната жена, утврдиле не само дека е навистина мртва, туку и дека телото почнало да скапува. Во нејзиниот болнички картон пишувало дека е прогласена мртва.

Работникот од брзата помош на покраинската болница Јаншан, доктор Жанг кажа дека примиле бизарен повик во кој им било кажано дека постара госпоѓа станала од мртвите.

-Кога дојдовме да интервенираме, погребот веќе траеше. Поклопот на ковчегот беше отворен и сите собрани гледаа внатре, изјавил Жанг.

Тогаш медицинските работници наводно ја прегледале старицата.

-Сигурно била мртва, телото веќе почна непријатно да мириса. Немаше шанси да е жива. Само биле параноични и им се причинило, кажал Жанг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …