Home Спорт НЕШТО НЕ Е ВО РЕД: Ја одложија пресконференцијата на Иниеста!

НЕШТО НЕ Е ВО РЕД: Ја одложија пресконференцијата на Иниеста!

Мадридскиот весник „Марка“ објави интересна информација поврзана со очекуваните новини за иднината на Андрес Иниеста.

Беше најавено утре капитенот на Барселона да објави официјално на пресконференција дека на крајот на сезоната ќе се пресели во Кина.

Меѓутоа, „Марка“ тврди дека легендарниот плејмејкер се уште не може да се договори со кинескиот клуб за деталите околу платата, па поради тоа неговиот трансфер во Кина воопшто не е сигурен. Поради тоа откажана е пресконференцијата која требаше да се одржи утре (петок).

Според информациите Иниеста сака годишна плата од 20 милиони евра, но претседателот на Чонцин се уште нема дадено конечен одговор.

Денес Иниеста требаше да има средба со соиграчите на која ќе им соопшти дека заминува од клубот, но и тоа не се случи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…