Home Спорт Готово: Сити на чекор од првото летно засилување

Готово: Сити на чекор од првото летно засилување

Новиот англиски шампион, Манчестер Сити е на чекор да го обезбеди првото големо засилување за следната сезона.

Како што пренесува добро информираниот новинар Хозе Алварез, „граѓаните“ се блиску до договор со играчот за врска на Наполи, Жоржињо.

Неговиот агент минатата недела беше во Англија и имаше состанок со челниците на Сити, кој поминал одлично, па двете страни се блиску до договор.

Познатиот новинар тврди дека Жоржињо ќе биде првото засилување за Сити за следната сезона и тоа по барање на Пеп Гвардиола.

Жоржињо игра на позицијата централен играч за врска и е тип на играч каков што Гвардиола обожава да има во својот тим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…