Home Актуелно Рација во управата на Porsche – продолжува Diesegate аферата?

Рација во управата на Porsche – продолжува Diesegate аферата?

Претставници на германските полициски служби и Државното правобранителство упаднале во управата на Порше со цел спроведување рација во рамките на истрагата на т.н. афера Дизел, односно мамење на тестовите за техничките карактеристики на возилата.

Во рацијата, која се спроведува во десет згради во покраините Баден-Виртемберг и Баварија, учествуваат 33 лица од канцеларијата на државниот обвинител и 160 полицајци, што е доказ за сериозноста на активностите на полицијата и судските органи.

Според информациите објавени во германските медиуми, се истражуваат основани сомневања за измама, во која се вклучени некои луѓе од управата на Порше, а сето тоа во рамките на правосудното расчистување на аферата Дизел. Инспекторите веќе заплениле голем број документи што се сметаат за релевантни за истрагата.

Порше најави дека целосно ќе соработува во истрагата.

Ова е петта рација на германските инспектори спроведена во канцелариите на еден германски производител на автомобили поради аферата Дизел. Во март, така, во Мерцедес упаднаа сто истражители, а рации беа извршени и во канцелариите на Ауди, Дајмлер и Фолксваген.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…