Дали „генетскиот допинг“ е следната голема измама во спортот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу големи светски спортски имиња, од рангот на неколкукратниот Тур де Франс првак Ленс Армстронг, спринтерот Бен Џонсон и други, биле жртви на допингот откако биле фатени дека користеле недозволени супстанции кои ги чинеле светски титули. И таа измамничка приказна во светот на спортот никако да престане, со оглед на фактот дека и самиот спорт, генерално, сè повеќе се претвора во бизнис.

Меѓутоа, многу други се имаат извлечено бидејќи не биле откриени, а во не толку далечната иднина, спортистите би можеле да мамат на начини кои би биле потешки, ако не и невозможни за откривање.

Тоа би било наречено „генетски допинг“. Научниците моментално откриваат начини како буквално да се промени нашиот генетски код преку генетска модификација или уредување на гените, што значи дека утрешните спортисти би можеле синтетички да си ги подобруваат гените.

Како тоа би функционирало? На пример, научниците би можеле да создадат вирус кој во организмот би вметнувал ген кој го охрабрува телото да го создава протеинот еритропоетин (EPO) кој помага за испраќање на кислород во ткивата – што е причината спортистите да си вбризгуваат разни супстанци со години за да си ги подобрат перформансите.

Детектирање на инјектиран EPO е лесно, но детектирање на овој протеин кој телото сам го произвел би било многу тешко, иако возможно. За тоа да се случи, официјалните лица би требало да погледнат во дополнителни копии на генот во крвта или друг биолошки примерок од спортистот, но и да имаат увид како „оригиналниот“ негов генетски код изгледал пред модификувањето.

За разлика од генетската модификација која вклучува додавање на гени, уредувањето на гени се фокусира на гените кои организмот веќе ги има, што значи дека вака „подобрен„ спортист не би имал дополнителни гени кои официјалните лица би можеле да му ги пронајдат.

За да се соочат со овој потенцијален проблем, WADA (Светската анти-допинг агенција) размислуваат да побараат од сите олимписки спортисти да достават копии од целиот нивен генетски код, што би можело да претставува и нарушување на нивната приватност, особено што дел од нив се малолетни. Покрај тоа, генетската модификација во сите спортови на тој начин не би била спречена, бидејќи во тој случај би требало да ги имаме копиите од кодот на секој спортист (не само на оние кои би учествувале во олимпијадата).