Home Спорт Гвардиола не застанува – порача три нови засилувања

Гвардиола не застанува – порача три нови засилувања

Манчестер Сити е супериорен во Премиер лигата оваа сезона, но во ЛШ беше елиминиран во полуфиналето, па Гвардиола сака значително да го засили тимот за следната сезона.

Примарна цел на „граѓаните“ останува освојувањето на Лигата на шампиони, а Гвардиола планира три засилувања – едно во одбраната и две во редот за врска.

Имено, Гвардиола смета дека му е потребен еден искусен стопер, а прва цел е Лео Бонучи. Како алтернатива се споменува Џони Еванс.

Како засилување за средниот ред се споменува Фред од Шахтјор како и Жоржињо од Наполи.

Што се однесува до офанзивниот дел Ријад Марез од Лестер и понатаму останува на радорот, но на спосокот на Гвардиола се наоѓаат уште Томас Лемар од Монако и Леон Баили од Баер Леверкузен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…