Home Спорт Арсенал спреми богата понуда за Бензема

Арсенал спреми богата понуда за Бензема

Арсенал спрема понуда за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема во летниот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

Одамна се познати симпатиите на Венгер кон Бензена, па „топџиите“ сметаат дека сега е вистинско време да го донесат на „Емирати“.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез сака ова лето да направи реккнструкција во нападот и да се раздели со Бензема, бидејќи се очекува да пристигне друг врвен напаѓач на „Сантиаго Бернабеу“.

Таквата ситуација е спремен да ја искористи Арсенал и веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.

Сепак, лоша вест за „топџиите“ е што првата ѕвезда на „кралевите“ Кристиано Роналдо и тренерот Зинедин Зидан доставиле барање до раководството Бензема сигурно да остане.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…