Home Шоубизнис Хакерски напад на хитот „Despacito“: Го избришаа видео спотот и напишаа…

Хакерски напад на хитот „Despacito“: Го избришаа видео спотот и напишаа…

Најгледаното видео во историјата на YouTube, спотот на песната „Despacito“ на Луис Фонси, беше избришан од страна на хакери.

Само пет дена откако беше претставено како првото видео кое досега достигнало до 5 милијарди прегледи, снимката исчезна од платформата.

Наместо оригиналното видео, се појавуваат маскирани лица со пиштоли кон камерата, што не е дел од видеоспотот за песната. Според ова, YouTube и Vevo се најверојатно мета на хакерски напад.

Покрај Фонси, погодени се уште неколку изведувачи, меѓу кои и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк. Оригиналните видеа се објавени од Vevo.

Хакерите, кои себеси се нарекуваат Prosox и Kuroi’sh напишаа „Слобода за Палестина“ над видеата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дерек Хаф и Хејли Ерберт се простија од своето сакано куче Роми

Дерек Хаф објави емотивно збогување со Роми, кучето што било покрај него 14 години. Неколк…