Вебкафе

Репортажа од секс забава на приватна јахта: Првин сите закопчани до грло, потоа секој се секса со секого

Како што крстарењето се приближува кон крајот, капетанот на бродот им објавува на патниците: „Ќе ви кажам кога ќе се истовариме. Дотогаш можете да продолжите да се сакате и  да се сексате“.

Патниците славеа бидејќи поради тоа и се на јахтата. Тие се членови на приватна њујоршка сеск забава, која два пати месечно се организира на луксузна јахта.

Не е само излив на секс

Chemistry Party не е класична свингерска забава на која можат да се видат луѓе од сите возрасти. Членовите се одред на млади во средните дваесетти години од животот. Иако идејата била на јахтата да доаѓаат праови, во суштина ретко кој од нив е во брак. Сопственик Кени Блант го смисли овој вид на забава во соработка со својата партнерка Шеила Монстер во 2006 година, со цел да го освежат својот сексуален живот. Сите членови на забавата се качуваат на бродот со известувањето дека тоа не е само изблик и излив на секс. Смислата на Chemistry е „сензуалност која го поттикнува органскиот развој и поврзувањето на душите“.

Иако забавата е замислена за млади од Бруклин, некои парови доаѓаат дури и од Мексико и Данска. Има секакви личности – од затворени адвокати, до спортски настроени уметници. Се пријавуваат дури и луѓе во инвалидски колички. На самото запознавање можат да бидат закопчани до грли и по малку резервирани, но до крајот на истата се шетаат само по долна облека. Дури и оние кои посетувале организирани оргии, велат дека оваа е најдобрата секс забава на која присуствувале.

Ништо без согласност

Паровите првично нервозно разговараат едни со други, слушајќи жив бенд како свири џез во позадина или гледаат претстава на костимирани изведувачи на бурлески. Како што одминува вечерта, луѓето почнуваат да се зближуваат и набрзо исчезнуваат во просториите за игра. Како во сцена од Титаник, прозорите од јахтата почнуваат да се замаглуваат.

„Сакавме да направиме забава на каква и самите би сакале да одиме, нешто што е секси и што поттикнува нештата да се развиваат нормално“, велат сопствениците и организаторите за Independent.

„Согласноста е клучна во сета оваа приказна“, тврдат тие. Членовите пред почетокот на забавата слушаат предавање на кое строго се одредува дека е потребно другата страна да даде согласност и да каже „да“ на нивната понуда. Исто така, се советуваат да кажат „не“ ако чувствуваат непријатност. Во таканаречените простории за игри се сместени душеци и светла за пријатна атмосфера, а тие се прилично оддалечени од средиштето на збавата. За оние посрамежливите, обезбедени се соби без прозори, во кои можат да бидат целосно сигурни дека никој не може да ги види.

Искуство кое ја зацврстува врската

Еден пар во доцните дваесетти години призна дека овој вид на забава значително ја подобрил и ја направил поотврена нивната врска. Друг пар само што ја започнале љубовната врска, но признаваат дека ги возбудува да одржуваат контакти со очите од партнерот додека другиот е во клинч со некој друг љубовен партнер. Тоа им ја зацврстува врската, велат тие. Главно на сите таму тоа им е ново и возбудливо искуство во кое можат да се впуштат заедно. „Ова е како скокање со падобран“, изјави еден од учесниците.

Но, возбудата поради секс со странец, исто така е и исцрпувачка. До крајот на крстарењето, голем број парови сами се спуштаат по скалила на дното од бродот, носејќи го багажот и разговарајќи за секојдневни нешта. На момент, оваа сексуална авантура делува како најобична забава во Бруклин.

Advertisements
To Top