Мегленски ќе ја води Победа до крајот на сезонава: Овој клуб за мене е второ семејство!

Од денес нов Шеф на Стручниот штаб на Победа е долгогодишниот првотимец и капитен, а од скоро и помошен тренер, Тони Мегленски.

Слободан Крчмаревиќ излезе во пресрет и во ситуацијата во која бевме по лошиот старт на пролетната полусезона ја прифати поканата на идниот претседател Небојша Стојковиќ. Целта беше да помогне во неколку кола иако ние однапред знаевме дека Крчмаревиќ има дополнителни планови и ангажмани. Сега реши да замине со ангажманите кои ги има и кои му се приоритетни во моментов. Она што е значајно ние и понатаму имаме соработка со Крчмаревиќ во делот на преодниот период и избор на играчи и дополнување на играчкиот кадар.Така да соработката со него продолжува а му благодариме на напорот и промените кои ги направи во клубот и му посакуваме успешна кариера понатаму. Се надеваме дека Тони Мегленски, како наш избор за Шеф на Стручниот штаб, доволно научи во овој изминат временски период од Крчмаревиќ, и со своето богато искуство, ќе продолжи онаму каде Крчмаревиќ застана и ќе успее да обезбеди опстанок во Првата лига“, изјави ВД Претседателката на клубот Ирена Јакимовска.

Новиот Шеф на Стручниот штаб Тони Мегленски е свесен за предизвикот и одговорноста:

„Имам отворена понуда од клуб од странство, но сите добро знаат што значи за мене Победа. Клубот за мене бил и е второ семејство и затоа чувството дека сега и во оваа ситуација сум и најпотребен на Победа. Бев со Победа и кога се освојуваа шампионските титули но и кога се минуваше трнливиот пат од Третата и враќањето во Првата лига. Потребен сум и на екипата и напорно ќе работам го оствариме планот и да останеме во Првата лига. Не очекуваат решавачки натпревари во преостанатите 10 кола и само обединети и сплотени сите структури во клубот, фудбалерите и нашите феноменални навивачи можеме да ја оствариме целта“, изјави Мегленски.