Home Спорт Англискиот фудбал обвиен во црно: Почина Реј Вилкинс

Англискиот фудбал обвиен во црно: Почина Реј Вилкинс

Бившиот фудбалер на Челзи и Манчестер Јунајтед Реј Вилкинс почина денес на 61-годишна возраст.

Вилкинс беше во болница откако доби срцев удар, а докторите одлучија да го постават во вештачка кома, но денес тој за загуби битката.

Викинс беше дел од Манчестер Јунајтед во 1982 година и го освои ФА Купот, а има 160 натпревари за „црвените ѓаволи“. Потоа играше за Челзи, а за англиската репрезентација запиша 84 настапи и играше на две Светски првенства.

Викинс направи и интернационална кариера и настапуваше уште за Милан, ПСЖ и Глазгов Ренџерс.

Вилкинс започна и тренерска кариера, а во 2010 година беше дел од шампионскиот тим на Челзи како помошник на Карло Анчелоти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…