Home Спорт Дани Алвес – најтрофејниот фудбалер во историјата!

Дани Алвес – најтрофејниот фудбалер во историјата!

Бразилскиот репрезентативец Дани Алвес после победата на ПСЖ во финалето на францускиот клуб испиша страница од фудбалската историја.

Имено, Алвес учествуваше во победата на ПСЖ над Монако од 3:0 во финалето на Лига купот во Франција и тоа за Бразилецот беше 36 трофеј во кариерата со што ги надмина Рајан Гигс и Кени Даглиш. Легендите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаат по 35 освоени трофеи.

Алвес дури 23 трофеи освои со Барселона, пет со Севиља, два со Јувентус и четири со репрезентацијата на Бразил.

Шест пати ја освојуваше Ла Лига, по пет пати се радуваше во Супекупот на Шпанија и шпанскиот куп, четири пати во Суперкупот на Европа, три пати во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, два пати во УЕФА Купот и Купот на конфедеранциите…

Со оглед дека ПСЖ е на чекор од титулата во француското првенство наскоро Алвес ќе дојде и до 37 трофеј во кариерата, пишува Спортски.мк.

Иначе помеѓу играчите со најмногу освоени трофеи покрај Даглиш и Гигс се уште Виктор Баиа (33), Ваел Гом (32), Златан Ибрахимовиќ (32), Андрес Иниеста, Пике и Меси исто така имаат повеќе од 30, Пеле 29, Чави 28…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…