Home Актуелно Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Саботата во Македонија носи променливо време. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со засилен јужен ветер.

Во вечерните часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд во западните и северните делови. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а максималните од 18 до 24 степени.

Температурата во Скопје ќе се движи од 4 до  23 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, а во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно.Претпладне со интензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, а попладне со повремен локален дожд и со засилен западен ветер. Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…