Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Легендарниот Андре Агаси повеќе не е тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, потврди денес Американецот.
Агаси во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Ѓоковиќ, а како повремен тренер присуствуваше главно на големите турнири.
„Имав најдобри намери, сакав да му помогнам на Новак. Сепак, често заклучувавме дека не се согласуваме околу некои работи. Му посакувам сѐ најдобро во кариерата“, истакна Агаси.
Тој во неколку наврати нагласи дека соработува со српскиот тенисер без финансиски надоместок.
Ѓоковиќ сега ќе продолжи да работи само со неговиот постојан тренер Радек Штепанек.
Агаси почна да работи со Ѓоковиќ пред стартот на минатогодишниот Ролан Гарос, но во меѓувреме поради повредата на лактот, српскиот тенисер имаше пад во кариерата и го пропушти поголемиот дел од сезоната.
ESPN reporting that Andre Agassi is no longer coaching Novak Djokovic.
— Stuart Fraser (@stu_fraser) March 30, 2018