Home Спорт Лингард: Сакаме да ги постигнеме успесите на Бекам, Сколс и Невил

Лингард: Сакаме да ги постигнеме успесите на Бекам, Сколс и Невил

Џеси Лингард се надева дека тој, Пол Погба и Маркус Рашфорд ќе успеат да остават длабока трага во историјата на Манчестер Јунајтед.

Талентираниот англиски репрезентативец се цели на израмнување на успесите на легендите на „црвените ѓаволи“ Пол Сколс, Дејвид Бекам, Рајан Гигс и Гери Невил.

„Сакаме да напишеме нова историја и да постигнеме уште успеси. Знаете што постигнале Дејвид Бекам, Пол Сколс и Гери Невил. Ние со Пол и Маркус ќе се обидеме да се споредуваме со нив, освојувајќи нови трофеи. Тие поминале во првиот состав заедно, исто како нас. Ние сме во првиот тим од 16-годишни. Едноставно сакаме да направиме нешто како конкуренција со нив“, изјави Лингард.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…