Home Спорт Англија без судии на Мундијалот

Англија без судии на Мундијалот

ФИФА денес ја објави официјалната листа на судии кои ќе судат на натпреварите од Светското првенство во Русија. На неа се наоѓаат 99 имиња, но нема ниту еден Англичанец.

Судиите доаѓаат од 46 различни држави. Со најмногу претставници е Европа – 10 главни судии и 20 асистенти.

Марк Клатенбург беше единствен на поширокиот список на арбитри објавен во 2016 година, но тој ја напушти Премиер лигата и се пресели во Саудиска Арабија, а со тоа го загуби своето место.

Прв пат од 1938 година меѓу судиите нема ниту еден од Англија, односно цела Велика Британија.

На избраните судии им претстои учество во два семинари, организирани од ФИФА. Првиот од нив е на крајот на април во Италија, додека вториот ќе се одржи во Москва во пресрет на турнирот, кој започнува на 14 јуни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…