Home Спорт Реал Мадрид тропна на врата: Сити ја дуплира платата на Стерлинг

Реал Мадрид тропна на врата: Сити ја дуплира платата на Стерлинг

Рахим Стерлинг ја игра најдобрата сезона во својата кариера, а англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити му спрема нов договор.

Имено, „граѓаните“ се спремни да му предложат нов договор и двојно поголема плата од актуелната.

Стерлинг оваа сезона на 37 натпревари постигна 20 гола и го привлече инетресот на многу европски гиганти. Медиумите тврдат дека Реал Мадрид е спремен да испрати богата понуда за Англичанецот.

Токму поради интересот на „кралевите“ Манчестер Сити е спрема нов договор за Стерлинг.

Во моментов англискиот репрезентативец заработува по 180.000 фунти неделно, но челниците на клубот од „Етихад“ се спреми да му понудат двојно повеќе, тврдат англиските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…