Home Вебкафе ВИДЕО: Србин пронaјде 40.000 евра, сопственикот „го почести“ со 50!

ВИДЕО: Србин пронaјде 40.000 евра, сопственикот „го почести“ со 50!

Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.

„Тоа се случи пред аеродромот, ја забележав црната торба на количките за багаж. Видов лаптоп и паричник со пари“, раскажа Дабиќ за српските медиуми.

Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.

– Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил. Кога ги изброи парите и се увери дека се е на место, ми даде 50 евра. Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите, изјави Дабиќ.

Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.

Дабиќ е вработен веќе 33 години на аеродромот Никола Тесла, а на 10 март му било роденден, како и на човекот чии пари ги нашол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Памела Андерсон го донесе пролетниот дух на црвениот тепих на Берлинале

Памела Андерсон го донесе пролетто на црвениот тепих на Берлинскиот филмски фестивал По ме…