Home Живот и здравје Доста е од леќи и наочари: Откриени капки кои го подобруваат видот

Доста е од леќи и наочари: Откриени капки кои го подобруваат видот

Научниците од Универзитетот за нанотехнологија во Тел Авив „Бар -Илан“ тврдат дека создале капки за очи кои можат да го поправат оштетувањето на рожницата и трајно да го подобрат видот кај луѓето.

Израелските научници тврдат дека во прашање е револуционерно откритие, кое ќе им помогне на сите луѓе кои имаат проблеми со оштетување на очите.

„Производот го тестиравме на свињи со оштетени рожници и се покажа потполно ефикасен затоа што се излечени сите симптоми на болеста на очите кои ги имаа животните и беа тестирани“, вели авторот на истражувањето.

Научниците сметаат дека овие револуционерни капки за очи ефикасно ќе го лечат проблемот на кратковидост и далекувидост , како и други проблеми поврзани со видот.

Овој револуционерен производ исто така ќе им овозможи на луѓето да се ослободат од леќите и ќе им пружи потполно нов поглед на светот.

Според магазинот „Jerusalem Post”, пациентите на своите паметни телефони ќе имаат апликација која ќе го измери оштетувањето на нивниот вид, врз основа на што ќе знаат колку капки за очи ќе треба да искористат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Жени откриваат што прво направиле по конечното разведување

Некои разводи се спогодбени и завршуваат мирно, додека од друга страна има парови на кои м…