Home Спорт Еве како Реал ќе собере 400 милиони за Нејмар

Еве како Реал ќе собере 400 милиони за Нејмар

Се погласни стануваат шпекулациите за трансфер на Нејмар од ПСЖ во Реал Мадрид.

Француските маедиуми напишаа дека Нејмар решил да не го облекува повеќе дресот на „светците“. Мадридскиот весник „АС“ пак тврди дека раководството на Реал Мадрид се сретнал со претставниците на Бразилецот.

ПСЖ веќе ја постави цена од 400 милиони евра за Нејмар, а денешното издание на „АС“ открива како Реал ќе собере толкава сума на пари.

Во летниот преоден рок е очекуваат големи промени на „Сантиаго Бернабеу“. Шпанските медиуми очекуваат „кралевите“ да заработат повеќе од 200 милиони евра од продажна на своите ѕвезди. Герет Бејл и Иско се проценети на по околу 80 милиони евра, Карим Бензема 50 милиони. Што значи дека само продажбата на ова трио ќе донесе во касата повеќе од 200 милиони евра.

Притоа, најверојатно „кралскиот“ клуб ќе го напуштат Себаљос, Ковачиќ и Маркос Љоренте, па Реал Мадрид ќе биде финансиски моќен да плати 400 милиони евра.

Денешното издание на „Паризиен“ откри дека спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике се сренал со таткото на Нејмар и не може да потврди дека Бразилецот ќе остане во Париз и следната сезона. (ОВДЕ).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…