И НЕБОТО ЗАПЛАКА: Фиренца му кажа последно ЗБОГУМ на Астори (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Една минута долга цел живот“. Тоа е точната реченица која го опишува натпреварот помеѓу Фиорентина и Беневенто, кој се игра во моментов.

Тоа е првиот натпревар на Фиорентина после смртта на нејзиниот капитен Давиде Астори, кој го напушти овој свет пред точно една недела.

„Артемио Франки“ денес му даде последен поздрав на Астори, па солзите беа присутни кај сите присутни.

Натпреварот беше прекинат во 13-та минута за да му се оддаде почит на Астори. На трибините навивачите направија импресивна кореографија, а токму во тие момемти почна да врне дожд.