Home Актуелно ВИДЕО ОД ПРИЛЕП: Погледнете ги сите маски за Прочка 2018!

ВИДЕО ОД ПРИЛЕП: Погледнете ги сите маски за Прочка 2018!

Околу 1000 учесници со свои маски продефилираа на централниот настан во Прилеп. Тридневниот меѓународен карневал освен од Прилеп, имаше гости од други градови на Македонија како и од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија и Албанија. Голем број граѓани на Прилеп, како и бројни посетители од земјата и странство, дојдоа да го проследат 17. издание на прилепскиот карневал.

Посакувајќи им добредојде на учесниците, посетителите, како и на високите претставници од странство и на делегацијата од Федерацијата на европските карневалски градови, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, не го криеше задоволството од бројноста и квалитетот на групните и поединечните маски.

„Посебно ме радува тоа што во Прилеп, дојдоа голем број посетители од повеќе градови од нашата држава, како и од соседните земји, со цел да го проследат карневалот. Денеска е Прочка, затоа сакам да побараме прошка и да им дадеме прошка на нашите најблиски, што ќе придонесе да изградиме подобро општество за сите“, рече прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски.

Погледнете ја атмосферата од годинешниот карневал:

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…