Home Актуелно Внукот до чичкото: „Ако не ми ја дадеш братучетка ми за жена – ќе те убијам!“

Внукот до чичкото: „Ако не ми ја дадеш братучетка ми за жена – ќе те убијам!“

Жител на скопското село Љубин во полициската станица во Сарај пријавил закана по живот од неговиот внук.

46-годишниот жител на Љубин пријавил дека неговиот 19-годишен внук со иницијали Е.Б. му се заканувал дека ќе му го одземе неговиот живот и животот на неговото семејство, доколку не му ја деде ќерката за жена.

Според пријавата на таткото, кој му е чичко на 19-годишниот Е.Б., тој преку вибер ги добил пораките со закана. Од полицијата велат дека момчето и неговата ќерка биле извесно време во врска. Неодамна биле два дена заедно во хотел во Тетово, без негова дозвола, по што ја пријавил ќерката за исчезната во Полициска станица.

Заканите следеле откако 19-годишникот дознал дека неговиот чичко ја верил својата ќерка за друг. Кога слушнал за тоа, дечкото избегал од дома и му ги испратил заканите на својот чичко.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…