Home Спорт Компјутерот пресмета: Сити е шампион, еве како изгледа остатокот од табелата!

Компјутерот пресмета: Сити е шампион, еве како изгледа остатокот од табелата!

До крајот на англиската Премиер лига остануваат уште 11 кола. Манчестер Сити е на врвот и изгледа незадржливо со дури 16 бода предност пред градскиот ривал Јунајтед.

Англичаните преку специјален компјутер пресметаа како ќе изгледа табелата и после последното коло. Без дилеми титулата ќе оди на „Етихад“, но остатокот од табелата изгледа многу интересно.

Според супер-компјутерот, кој ги пресмета сите можности, Манчестер Јунајтед ќе заврши на второ место, Ливерпул како трет, додека дуелот за четвртото место ќе го освои Тотенхем и тоа пред Челзи и Арсенал.

Борбата за опстанок очекувано ќе донесе доста возбудувања. Компјутерот тврди дека следната сезона во Чемпионшип ќе играат Саутемптон, Стоук и ВБА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…