Home Шоубизнис Стоун искрено и отворено: Цели три години не можев да си го напишам ни името

Стоун искрено и отворено: Цели три години не можев да си го напишам ни името

Секс симболот кој жареше и палеше на ТВ екраните во деведесеттите години од минатиот век, славната актерка Шерон Стоун по неколку години пауза од Холивуд, минатата година се врати во актерските води и глумеше во неколку филмови.

Тамара Мелон, Кристал Лурд, Мелани Грифит, Шерон Стоун, Пола Вагнер, д-р Паулин Маки, Лин Посланс

Стоун во 2001 година, на 43 години преживеала мозочен удар, после кој ѝ биле потребни неколку години за да се опорави. Повторно морала да учи да оди, пишува и чита, а кажува дека живтот целосно ѝ се променил по тоа.

Стоун

„Имав пет отсто шанси за преживување. Кога се вратив дома од болница едвај можев да одам. Колковите ми беа нестабилни и не ја чувствував левата нога. Целата лева страна на телото ми беше мртва, не гледав на левото око и не слушав на левото уво. Морав повторно да учам да говорам, читам и пишувам. Три години не знаев да си го напишам моето име“, раскажува глумицата, која сега е целосно вратена во форма после лошите здравствени проблеми.

Стоун
Лин Посланс, Шерон Стоун, Марк Лаш

Еден од проблемите ѝ бил губењето на сеќавањето, односно тоа што не можела да помни нови информации, па поради тоа не можела ни да глуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …